Планирани прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане во наредните три дена
Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во наредните три дена ќе има на повеќе локации во Куманово и во селата од општина Старо Нагоричане.
Денеска, од 08:00 до 14:00 часот струја ќе нема на м.в. Багремов Цвет, селото Младо Нагоричане, населбата Иго Тричковиќ, м.в. Мајорово Трло и селото Тромеѓа.
Во истиот период, од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат потрошувачите во липковските села Виштица, Матејче и Никуштак.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, утре, 29 април, од 08:15 до 14:00 часот прекин ќе има во селата Кутлибег, Зубовце, дел од Тромеѓа, К’шање, Бељаковце, Колицко, Косматац, Мургаш, Скачковце, Новосељане, Габреш, Кучкарево, Пезово, Довезенце, Јачинце, Клечовце и Четирце, како и населбите Перо Чичо и дел од Гладно Поле, дел од Ајдучка Чешма и м.в. Магаза.
Исто така, утре без струја ќе останат и сите села во општина Старо Нагоричане, како и Младо Нагоричане.
Во четврток, 30 април, од 08:30 до 14:30 часот електрична енергија ќе нема во селата Четирце, Биљановце, Бабин Дол, Доброшане, како и селото Пелинце во општина Старо Нагоричане.