Мени

По петти пат ќе се одржи Меѓународниот сликарски конак „Грација – ИАН 2026“

19.05.2026 14:43 | KumanovoNews

Во комплексот „Грација“ во Куманово, утре по петти пат ќе започне Меѓународниот сликарски конак „Грација – ИАН 2026“.

По петти пат ќе се одржи Меѓународниот сликарски конак „Грација – ИАН 2026“

Годинава на колонијата ќе учествуваат Асмар Нариманбекова од Азербејџан/Франција, Среќко Здравковиќ од Србија, Ксенија Норук, Љубов Поворозник и Мариа Подгорњак од Украина, како и Стојанче Андонов Дито и Стефан Јакимовски од Македонија.

Сопственикот на комплексот „Грација“ и организатор на колонијата, Влајко Стојчевски, вели дека и оваа година се потрудиле да донесат искусни и квалитетни уметници, кои ќе творат во инспиративна и пријатна атмосфера.

„ Уметноста нема граници и очекуваме колонијата да помине во извонредна пријателска и творечка атмосфера. Денеска пристигна дел од учесниците, утре ќе се комплетираме и ќе започнеме. Со нетрпение очекуваме да ги видиме новите дела“, вели Стојчевски.

Соработници на колонијата и оваа година се Еми и Стојче Тоциновски, како и координаторот и уметнички раководител Мики Трендафиловски.

Колонијата ќе трае до 26 мај.