×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По што кумановци ќе ја паметат 2013 година?

    02.01.2014 10:40 | KumanovoNews

    По своите успеси, достигнувањата на своите деца, по убави и тажни моменти кумановци ќе ја паметат 2013 година.

    По што кумановци ќе ја паметат 2013 година?

    Желбите кои не им се оствариле се надеваат дека ќе бидат реалност во 2014 година.

    Повеќето од нашите соговорници Новата година ја дочекаа во домашна атмосфера со најблиските, со што си дадоа оддишка од секојдневните обврски.

    Микерем Таири од Комисијата за односи меѓу заедниците вели дека во 2013 година учествувала во документарен филм изработен од млади режисери и сценаристи каде говорела за  соживот, а на приватен план годината не и била многу наклонета.

    Ја изгубив мојата мајка, неколку блиски пријателки што навистина е голема загуба за мене. Во годината што измина моите ќерки постигнаа голем успех во својата кариера како режисери и глумици. По многу години имав пријатни средби со моите роднини од Турција и Германија. Негативните случувања не сакам да ми се повторат и се надевам дека 2014 година ќе биде среќна и бериќетна. Тоа го посакувам на сите народи на планетата - изјави Таири.

    Злата Божиновска, советничка од ВМРО - ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово објаснува дека за неа 2013 година била успешна, но од друга страна е разочарана што Куманово не напредува. Се надева дека годинава состојбата ќе се подобри и граѓаните ќе бидат посреќни.

     Да се надеваме дека 2014 ќе донесе повеќе проекти, повеќе инвестиции во нашиот град Куманово. На сите граѓани на Куманово ќе им посакам пред се многу здравје, љубов, пари, да останат позитивни и да веруваат во нашата опција бидејќи ние ветуваме и остваруваме. Јас новогодишните празници ги поминав со семејството и најблиските. Тоа се најубави и најдрагоцени моменти. За крај мили мои Македонци, не има секаде по светот, нека ви се среќни претстојните празници, ви посакувам топли и искрени желби - вели Божиновска.

    Професорката Елизабета Секирарска од СОУ“Перо Наков“ 2013 година ќе ја памети како убав период од животот, бидејќи и донела успеси на личен и професионален план. Таа се закити со две признанија и тоа најдобар просветен работник во Општина Куманово во мај и во октомври најдобар просветен работник на ниво на држава во категорија на средни училишта.

     Среќна сум што имав можност да се почувствувам реализирано и како професор и како родител. Мојот син стана бруцош, а мојата ќерка го живее својот сон работејќи го она што вредно го учеше. Празниците ќе ги поминам дома со мојот сопруг. Со оглед на многуте обврски зад мене се радувам на домашната, опуштена и релаксирана атмосфера - рече Секирарска.

    За Ѓоко Стефановски, в.д раководител од Регионален центар за управување со кризи 2013 година поминала вообичаено без некои посебно важни настани.

    Син ми стана студент и со тоа ми се зголемија трошоците. Забележувам дека народот е сиромашен и тоа ми остави впечаток во 2013 година. Тоа се гледа по амбиентот и на некој начин влијае на мене и моето семејство. На професионален план имаше многу работа, беше тешко, имаше некои системски проблеми, координација со различни субјекти - објаснува Стефановски.

    По оформување на клубот, часови по тенис во нашиот град и оддржувањето на тенискиот турнир 2013 ќе ја памети Горан Китановски, тренер во тениски клуб “Куманово“

    Дел од децата стекнаа играчко ниво со кое ќе се вклучат во 2014 година на регуларните натпревари во државата.  Ќе ја паметам по првите изрази на воодушевување на лицата од нашите млади тенисери кои беа резултат на нивната добра игра и дружење со другите деца од неколку градови, каде игравме пријателски турнири - вели Китановски.

    Тој Новата година ја дочекал на Градскиот плоштад бидејќи како што вели онаму каде има многу луѓе има и позитивна енергија.