Почина работник во винарска визба
14.11.2018 06:32
| KumanovoNews
Лазо. Д.(61) од Кратово починал откако му се слошило и паднал додека чистел цистерна за вино.

Според МВР несреќата се случила завчера околу 12 часот на улица „Св. Ѓорѓи Кратовски“, кога вработен во фирма во Кратово додека извршувал работни задачи во цистерна, паднал и починал. По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово телото е предадено за обдукција.
Од извори на семејството, Лазо чистел празна бетонска цистерна во која се собирало вино. Во еден момент му се слошило и паднал. Телото на починатиот го ваделе пожарникари од противпожарната единица Кратово.