Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасен кумановец вчера попладне им подлегнал на повредите добиени од удар на товарно возило додека бил на велосипед.
Несреќата се случила вчера околу 11 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, кога товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
(фото.архива)
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk