Пронајдена почината жена во Средорек
22.03.2026 19:53
| KumanovoNews
Г.Д. (50) од Куманово вчера била пронајдена почината во двор на семејната куќа на улицата „Средорек“.
Случајот во полиција го пријавил лекар од Итната медицинска помош.
„Увид извршила екипа од СВР Куманово, а телото е предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција“, соопшти МВР.