26. 11. 2020 14:54

Почна тестирањето со брзи тестови за коронавирус во Куманово

Почна тестирањето со брзи тестови за коронавирус во Куманово

Од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови од коронавирус и во Здравствениот дом во Куманово, соопшти Министерството за здравство.

Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот ковид-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Тестовите се изработуваат за околу 15 минути, а по два часа се праќаат електронски кај матичниот лекар.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk