Мени

Почнува вакцинацијата за ротавирус и пневмокок

01.07.2019 14:56 | KumanovoNews

 Од денес почнува вакцинацијата со новите вакцини за ротавирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација.

Почнува вакцинацијата за ротавирус и пневмокок

Од Комитетот за имунизација при Министерството за здравство велат дека вакцините се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Овие вакцини ќе ги примаат бебињата и малите деца.

„Со вакцините за ротавирус и пневмокок драстично се намалуваат гастроентероколитот кај бебиња и мали деца и инвазивните пневмококни болести, кои се тешки и бараат хоспитализација“, велат педијатрите.

Од почетокот на јануари годинава кога беше прогласена епидемија на мали сипаници, односно за половина година, вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) ја примиле над 30.000 лица, а заболеле 1.833 лица.