Поедноставување на процедури за железнички сообраќај Табановци - Прешево
18.02.2015 15:06
| KumanovoNews
Македонската и српската Влада потпишаа Спогодба за подноставување на граничните процедури во железничкиот сообраќај на граничниот премин Табановце - Прешево.

Тоа ќе значи поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на времето на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај. Оваа Спогодба ќе придонесе да се зголеми конкурентноста на железничките услуги за двете земји. Поедноставна процедура ќе значи побрз проток на стока и патници.