Поетско читање во чест на Св.Кирил и Методиј
21.05.2015 13:32
| KumanovoNews
Во Гимназија „Гоце Делчев“ утревечер во 18 часот, ќе се одржи поетско читање во чест на 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методи.
Ќе се зборува за значењето на Кирил и Методи и нивниот придонес за сесловенската писменост. Десетина поети од Друштвото на писатели Куманово и ученици ќе читаат лични творби. Од Друштвото на писатели им го честитаат празникот на просветните работници и им посакуваат успех во работата.