Поевтини горива од полноќ
26.11.2018 14:34
| KumanovoNews
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 65 денари.
Литар „еуродизел ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство за 49,5 денари.
За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.