×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата со детали за измамата на адвокатката

    17.12.2019 12:10 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ф.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Полицијата со детали за измамата на адвокатката

    М.Ф. во својство на адвокат со адвокатска лиценца издадена од Адвокатската комора на Македонија, потпишала полномошно со С.П. со кое била ополномоштена да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за остварување и ретроактивна исплата по основ на семејна пензија и исплатa oд 20 отсто.

    На 25.11.2019 година оштетената добила Решение со кое и се признава правото на семејна пензија и по тој основ и се исплатени парични средства во висина од 680,634 денари.

    На 02.12.2019 година, М.Ф., во својство на адвокат, со претходно обезбедената оригинална лична карта на име на С.П., ангажирала непознато женско лице со кое заедно во банка во Куманово се обиделе безуспешно да извршат трансакција на парични средства.

    По ова, М.Ф. повторно со претходно обезбедената оргинална лична карта ангажирала друго женско лице со кое заедно отишле во банка во Карпош во Скопје, каде извршиле трансакции на парични средства од трансакциона сметка на С.П. во една банка на трансакциона сметка на С.П. во друга банка со цел на дознака уплата за деблокада при што оставиле Налог за трансакција на парични средства од 640.771 денари од сметка на С.П. на трансакциона сметка на М.Ф., кој автоматски бил прокнижен по деблокирање на сметката.

    На 10.12.2019 со намера да го прикрие извршеното кривично дело М.Ф. извршила уплата на парични средства од 247.600 денари на трансакциона сметка на оштетената со цел на дознака „Плаќање пренос на средства- регресно пензиско и семејна“, при што веднаш го сторнирала налогот од 247.600 денари и повлекла 100,000.00 денари од претходно уплатените 247.600 денари, со што на сметката на оштетената од извршената уплата останале 147,600 денари.

    По спроведена постапка од страна на Истражен судија одреден и е притвор во траење од осум дена.