Понеделник неработен ден
27.04.2019 08:19
| KumanovoNews
Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека тое е согласно Законот за празници.
Министерството во исто време, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.