Мени

Понеделник неработен за граѓаните од ромска заедница

04.04.2019 11:28 | KumanovoNews

Понеделник,  8 Април - Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Понеделник неработен за граѓаните од ромска заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.