Понеделник неработен за католиците
01.04.2015 07:15
| KumanovoNews
Вториот ден на Велигден, 6 април (понеделник) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.