Поплавени куќи во Довезенце
09.03.2015 08:31
| KumanovoNews
Во селото Довезенце вчера се поплавени подруми на четири семејни куќи, информираат од Регионален центар за управување со кризи.

До поплавувањето дошло откако водата од ископ направен за изградба на пруга, се прелеала и ги поплавила подрумите. Водата за неколку часа се повлекла од поплавените простории. Во други делови од кумановско нема дојави за излевања.