Поплавени ниви и викендици во Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара
        24.01.2015 09:43
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Поплавено е земјоделско земјиште во селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара, потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.
 
                  Водата од речата Пчиња навлегла во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, но не ги зафатила ресторанот и музејот.
" Во селото Пчиња треба да се интервенира кај мостот со машина бидејќи има дрва, и за тоа стапивме во контакт со општина Куманово. Водата е дојдена на 10 метри од куќите, но поплавени нема. Во Шупли Камен се зафатени ниви и викендици" - велат од РЦУК.
Од РЦУК објаснуваат дека нивото на реките на некои места опаѓа или стагнира.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



