Поранешната касарна во Карпош ќе стане депонија на пцовисани животни ако не се казнат оние што ги фрлаат
Инспекциските служби од Општина Куманово, кои вчера извршиле увид на лице место во поранешната касарна во населбата Карпош, утврдиле дека мртвите кучиња се фрлени во различен временски период.

Непознат сторител направил депонија на угинатите животни и ја користел по потреба.
Комуналната инспекција, заедно со СВР Куманово констатираше дека станува збор за 6 кучиња. Тие не се исфрени во исто време, бидејќи сите се во различити фази на распаѓање. Две се од последните денови, другите се постари. Некој го користел тоа место постојано да ги фрла угинатите животни. Сторителот треба да го открие полицијата, - изјави комуналниот инспектор Горадан Таневски.
Граѓаните на социјалните мрежи, а и жителите на населбата Карпош, бараат од надлежните да ги откријат и да ги казнат луѓето кои ги фрлиле мршите, бидејќи постои опасност да продолжат со праксата и имотот на касарната да го претворат во депонија на пцовисани животни.
Општина Куманово вчера оддржа состанок со претставниците на невладините организации и Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, пришто било разговарано како да се реши проблемот со кучињата скитници во градот. Притоа ја осудиле постапката на сторителот.
Општината ветила дека наредната година ќе обезбеди пари за изградба на прифатилиште за околу 200 кучиња и го задолжила Секторот за урбанизам да најде локација.
Здружението Анима мунди завчера пријави во полицијата дека се пронајдени вреќи со мртви кучиња и медицинска опрема, во напуштената касарна во населбата „Карпош“.
Тие претпоставуваат дека кучињата се убиени, а тоа го извршило стручни лица, бидејќи кучињата имале канили во вените.
Во Куманово пцовисани животни се фрлаат кој каде што ќе стигне, најчесто на отворено, на дивите депонии и во реките, бидејќи нема определено место за таква намена .