Мени

Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ не треба да се носат во полициска станица, велат од МВР

22.04.2026 22:28 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои се уплатени во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица.

Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ не треба да се носат во полициска станица, велат од МВР

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата правилно да ја пополнат уплатницата, согласно правната поука на записникот. Тоа значи дека треба точно да го внесат единствениот број од записникот во делот ‘повикување на број’ и ‘цел на дознака’“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да не ја носат потврдата за платената санкција во полициска станица, со цел да заштедат време и да се избегнат непотребни гужви.