×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поука наместо парична казна - воспитна мерка за поголема сообраќајна култура на мотоциклисти

    17.08.2020 06:50 | KumanovoNews

    Мотоциклисти кои направиле полесен сообраќаен прекршок беа ослободени од паричната казна откако присуствуваа на сообраќајната поука, што ја организираше СВР Куманово и Мото Клуб „Мечки“, во рамките на проектот „Безбедно во сообраќајот“, во Центарот за култра „Трајко Прокопиев“.

    Поука наместо парична казна - воспитна мерка за поголема сообраќајна култура на мотоциклисти

    На сообраќајната поука беа повикани 20 прекршители, кои наместо да платат парична казна од 35 евра, добија ослободување од кривично гонење. Но, од СВР Куманово велат дека тоа не е најважната работа од овој настан. Тие сакаат мотоциклистите во иднина да ги почитуваат законите и да носат заштитна опрема.

    „Како една од воспитно-превентивните мерки во областа на сообраќајот за јакнење на сите учесници за подобро почитување на сообраќајни правила и прописи и поголема сообраќајна култура, една од мерките е одржување на сообраќајна поука за полесни прекршоци. Денеска тоа е за мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема и добиле казна од 35 евра во денарска противредност,“ објасни Виолета Богдановска, раководител на одделот за превенција во СВР Куманово.

    Од МК „Мечки“ апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, бидејќи се работи за здравјето на секој поединец вклучен во сообраќајот. Тие посочуваат како законот важи за сите возрасти и секој треба да внимава на својот живот.

    „Денеска држиме поука за учесници-мотоциклисти во сообраќајот, во организација на Мото клуб „Мечки“ и СВР Куманово. На оваа поучна презентација, главен акцент ќе биде носењето на заштитна кацига во сообраќајот. Целта е да се подигне нивото на култура за користење на опремата. Во последно време се зачестени прекршоците за носење на заштитна опрема. Првенствено тоа се млади лица, кои во овие летни периоди не го почитуваат законот, а голем дел од нив и за прв пат се среќаваат со сообраќајните правила,“ вели Виктор Михајловски од МК „Мечки“.

    Оваа година ова е прв ваков настан поради состојбата со корона вирусот. Презентацијата за сообраќајна поука се одржа по протоколите донеси од Комисијата за заразни болести.

    (Д.Давитковски)