Мени

Делови од Куманово деновиве без струја

03.06.2026 08:00 | KumanovoNews

Неколку локации во Куманово денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Делови од Куманово деновиве без струја

Според најавата на ЕВН, денеска од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат липковските села Никуштак, Виштица и Матејче.

Во петок, од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, „Благој Пецкалија“, „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Михајло Пупин“, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“, како и објектот на ООУ „Христијан Карпош“.

Истиот ден, од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат дел од улиците „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и дел од улицата „Трета МУБ“, кај објектот „Рим Париз“. 

 Додека од 09:10 до 10:30 часот, прекин е најавен за делови од улицата „Доне Божинов“, населбата Прмакови Ниви, објектите спроти Спомен-костурницата, кланицата „Црн Бик“, Железничката станица Ново Куманово, Средорек, улицата „Јоско Илиевски“, спортскиот аеродром Аџитепе и фабриката „Феликс“.