Повозрасен кумановец пријавен за исчезнат
15.09.2020 17:20
| KumanovoNews
Ќерка пријавила во полицијата дека од дома излегол нејзиниот татко и потоа не се вратил.

- На 14.09.2020 во 22.00 часот во СВР Куманово, З.В.(55) од с.Пепелиште, неготинско, пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко Б.П.(81) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, - соопштуваат од МВР.