Повреден мотоциклист, излетал од патот
Момче од Куманово се здобило со тешки повреди и пренесено е на Скопските клиники, откако паднало од мотор.

Сообраќајната несреќа се случила во саботата околу 18.45 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај м.в. „Мездра“, кога Н.Ц. (22) од Куманово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“, не ја прилагодил брзината на движење кон условите на патот и излетал надвор од коловозот.
Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била извршена хируршка интервенција на главата и задржано е на понатамошно лекување.
Н.Ц. се наоѓа во стабилна здравствена состојба, тврди неговото семејство, кое реагираше на информацијата на МВР дека повредениот е во животна опасност.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.