Повреден мотоциклист во Лопате
27.08.2019 11:52
| KumanovoNews
На регионалниот пат Куманово- Липково, вчера во 15.20 часот кај с.Лопате, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(22) од с.Слупчане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Ќ.А.(45) од с.Лопате.

Во незгодата Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.