Повреден пешак во Слупчане
27.05.2019 12:42
| KumanovoNews
На локалниот пат во с.Слупчане, општина Липково, синоќа во 21.40 часот, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од с.Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од с.Слупчане.

Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.