Повторно гореше зградата на Житомел
30.01.2019 11:02
| KumanovoNews
Вчера попладне повторно гореше поранешната административна зграда на фабриката за леб „Житомел“. Пожарот избувнал по 15 часот, по што интервенирала противпожарната единица.

„ТППЕ Куманово интервенираше со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 15.40 до 16.20 часот на ул. „Доне Божинов“ на запалено ѓубре„, - информираат од ТППЕК.
Според станарите од околните згради пожарот го предизвикуваат бездомници или корисници на наркотични средства, кои се кријат и палат огин да се грејат во напуштените и незаштитени простории на некогашниот гигант.