×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повторно отворени пратеничките канцеларии во Куманово

    01.06.2019 10:33 | KumanovoNews

    Во Куманово повторно започнаа со работа пратенички канцеларии за комуникација со граѓаните.

    Повторно отворени пратеничките канцеларии во Куманово

    Канцелариите се сместени во Центарот за култура, а во нив се вработени асистенти преку кои ќе се закажуваат средби со претставниците во републичкото Собрание од коалицијата на СДСМ и ДУИ.

       „Овие канцеларии неколку години се затворени. Од минатата недела повторно профункционираа и ќе работат од понеделник до сабота од 10 до 15 часот. Ги повикам граѓаните, кои сакаат да се сретнат со пратениците од коалицијата на СДСМ,  да закажат термин кај асистентката. Ние ќе бидеме тука да ги слушнеме нивните проблеми и да помогнеме во изнаоѓање на решението, - вели пратеникот од Српската странка Мирослав Јовановиќ.

    Проектот за отварање на канцеларии за комуникација со пратениците започна во 2003 година, а се реализираше со помош на НДИ, УСАИД, ИПД, Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС. Во секоја отворена канцеларија во општините работи асистент, кој му помага на пратеникот.

    Преку непосредна комуникација со избраните претставници, граѓаните имаат можност за размена на информации, предлози и сугестии, со цел да се зголеми нивното учество во работата на Собранието.