Мени

Пожар во куќа, броило и камион со сено - полни раце работа за кумановските пожарникари

05.08.2020 06:58 | KumanovoNews

 Три големи пожари се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово. Според Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), нивните екипи интервенирале во гаснење на пожар во семејна куќа, запалено броило и на камион натоварен со сено.

Пожар во куќа, броило и камион со сено - полни раце работа за кумановските пожарникари

„Опожарена е семејна куќа на ул. Максим Горки бр. 68 во 11 часот. Се запалил подот од ламинат во едната соба. Интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот е изгаснат во 12.25 часот. Втора интервенција беше на опожарено електрично броило на семејна куќа при електрично празнење – удар од гром, во с. Лопате во 17.20 часот. Третата интервенција е на опожарен камион со сено во период од 21.10 до 00.50 часот во с. Добрашане. Опожарено било сеното во приколката на камионот. ППЕ интервенирала со 3 ПП возила и 7 пожарникари. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, - соопштуваат од РЦУК.