Пожар во семејна куќа на “Лесковачка“
10.04.2015 07:19
| KumanovoNews
Во пожар изгоре дел од кујна во семејна куќа на улица “Лесковачка“.

Пожарот избувнал околу 12.30 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово и огнот е локализиран.
Во пожарот не е предизвикана поголема материјална штета, информираат од ТППЕ.