Мени

Пожар во стан на улица „Димитрие Туцовиќ“, едно лице заврши во болница поради стрес

27.03.2026 08:10 | KumanovoNews

Пожар зафатил стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, која се наоѓа зад ЦКБ банка во центарот на Куманово.

 

Пожар во стан на улица „Димитрие Туцовиќ“, едно лице заврши во болница поради стрес

Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека пожарот бил пријавен околу 11 часот часот, а бил гаснат речиси два часа.

„ТППЕ Куманово вчера интервенираше од 10:55 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари, на пожар во стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, зад ЦКБ банка. Пожарот беше успешно локализиран во 12:45 часот. Кај едно повозрасно лице интервенирала Итната медицинска помош поради претрпен стрес, без констатирани повреди, по што лицето е пуштено дома“, стои во соопштението.