Пожар во стан во „Тоде Мендол“
12.04.2019 06:47
| KumanovoNews
Синоќа во 21.50 часот избувнал пожар во стан во стамбена зграда на ул. „Карадачки одреди“ во населбата Тоде Мендол.

Противпожарната единица од Куманово интервенирала со 2 возила и 6 пожарникари. Пожарот е изгаснат во 00.30 часот.
Тоа беше втор пожар истата вечер, откако во 20.30 часот гореше семејна куќа на ул. Гоце Делчев бр. 40. Пожарот е локализиран и завршен во 00,20 часот.
Причините за пожарот како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.