Пожари во Живиње и Никуштак
Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над селотот Никуштак.

Во Живиње, гори нискостеблеста шума, но поради ветерот постои опасност да се прошири и да зафати висока дабова шума. Пожарот избувнал вчера околу 11 часот, а во текот на денот го гаснеле екипи од Македонски шуми и Противпожарната единица. Утрово е испратена нова екипа на терен.
Се уште гори и нискостеблеста дабова шума во липковско, над село Никушатк во месноста „Баре“. Екипите на шумско стопнаство до тринаесет вработени и со помош на дванесет мештани го гаселе пожарот. Вчера, со осум налети со авион се обидувале и надлежните да го изгасат овој пожар.