Пожарната лани интервенирала 260 пати
        11.02.2015 13:56
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Територијалната противпожарна единица Куманово лани имала 260 интервенции, информира командирот Деан Илиевски.
 
                  Од нив 233 се интеревенции на запалени објекти, 26 технички интервенции и една интервенција во соседната општина Кратово.
“Еден пожар е во општина Кратово каде не сме обврзани со закон да интервенираме, додека Липково и Старо Нагоричане ги покриваме. Во однос на 2013 година имаме помалку пожари, бидејќи и времето ни се погоди. И во лето немавме многу пожари“ - рече Илиевски.
ТППЕ располага со 50 вработени, осум противпожарни возила и едно теренско возило, сите во исправна состојба.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





