Пожарникарите им помагаат на жителите од завеаните села
12.03.2015 16:28
| KumanovoNews
Пожарникарите од Противпожарната единица во општина Старо Нагоричане, деновиве се во обиколка на завеаните села, за да помогнат на населeнието.

“Секој ден дежурните со лада нива излегуваат на терен и сме во контакт со месното население. Во некои села имаше дефекти и жителите беа без струја. Ги посетивме селата Дејловце, Длабочица, Цветишница, Арбанашко. Таму има претежно постари луѓе, а снежната покривка е 40 до 50 см“ - вели Оливер Стојмановски, командир на Пожарна во Старо Нагоричане.
Како што се расчистуваат патиштата до завеаните села, така и превозот се нормализира.