Мени

Пожарот кај Никуштак навреме детектиран од смарт-камерите на ЦУК

20.08.2026 12:19 | KumanovoNews

Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи (ЦУК) , навреме е детектиран пожар во атарот на селото Никуштак, Општина Липково.

Пожарот кај Никуштак навреме детектиран од смарт-камерите на ЦУК

По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, за да се преземат соодветни мерки и да се интервенира на терен.

„Системот за рана детекција овозможува операторите во Секторот за операции и координација при ЦУК да ја контролираат и насочуваат камерата, со што состојбата со пожарот може континуирано да се следи визуелно во реално време. На овој начин, паралелно со следењето на пожарот, се овозможува и навремена координација и насочување на расположливите ресурси на терен, како и определување на правецот на дејствување на пожарот, сè до неговото локализирање и целосно гаснење“, велат од ЦУК.