×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Позитивни на корона ги кријат контактите за да не одат во изолација, кажуваат епидемиолозите

    28.10.2020 13:47 | KumanovoNews

    Жителите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, откако ќе добијат позитивен тест на ковид-19 не сакаат да ги откријат контактите за да ги заштитат од 14-дневна изолација и со тоа допринесуваат да се шири заразата, рече епидемиолог Јадранка Стаменковска на денешната седница на Советот на Општина Куманово, каде што точка на дневен ред беше сотојбата со ковид-19.

    Позитивни на корона ги кријат контактите за да не одат во изолација, кажуваат епидемиолозите

    Според неа, ако на почетокот на епидемијата од еден позитивен случај дали станувало збор за индивидуално или институционално пријавување добивале од 10 до 15 лица контакти, сега таа бројка е сведена на 2-3 контакти.

    - Во последните два месеци имаме послабо откривање на контактите од страна на позитивните лица. Тие свесно избегнуваат изолација, бидејќи треба 14 дена да седат дома за да не се шири инфекцијата. Ни ги кажуваат само оние од најтесното семејство, додека останатите од поширокото опкружување не ги набројуваат. Така да ние како Центар за јавно здравје се потешко доаѓаме до контактите на заболените, освен во случаи кога самите лица што биле во контак ни се јавуваат самите. Позитивните најчесто ни тврдат дека самите се ставиле во изолација, меѓутоа фактичката состојба не е таква и затоа имаме неповолна епидемиолошка состојба, односно бројот на позитивни случаи во наредниот период ќе се зголемува. И граѓаните и иституциите ја немаат потребната лична и општествена одговорност,- вели Стаменковска.

    Во Центарот за јавно здравје Куманово, кој ги покрива и Липково и Старо Нагоричане и околу 130.000 жители, дневно се прават по 25 тестирања на Мој термин од 103 приватни амбуланти. Тој број е недоволен, па граѓаните и лекарите реагираат дека тешко се доаѓа до темин и мора да се тестираат во приватните лаборатории на своја сметка. По поплаките, Фондот од денеска го зголемил бројот на 33 тестирања дневно.

    Во Куманово, Липково и Старо Нагоричене до сега се заболени 2.161 лица, а во моментот се активни 337 пациенти.