Мени

Позната културната програма на градот

27.01.2010 17:42 | KumanovoNews

Секторот за култура ја подготви годишната програма на манифестациите и настани што ќе се реализираат во оваа година.

Позната културната програма на градот

Во програмата се ставени трите меѓународни колонии "Пелинце","Карпино" и "Македонска икона", Меѓународниот тамбурашки фестивал, фестивалот "Рома Труба Фест", а остануваат и Кумановското културно лето и Ноемвриските денови.

  "Буџетот за овие настани ќе го утврдува Советот на општина Куманово на секои четири месеци. Лани за сите културни манифестации беа потрошени 8 милиони денари"- вели Жика Крстевски, раководителот во Секторот за култура.

Речиси сите култуни установи, организации ,граѓански здруженија , културно-уметнички друштва се опфатени  со програмата на културни активности и манифестации во градот.