Предавање за матичните клетки
Во просториите на Црвен Крст во Куманово, утревечер со почеток во 19 часот ќе се одржи предавање за матичните клетки.

Крвта од папочната врвца е богат извор на матични клетки, а над 20.000 болни луѓе се излекувани со помош на овие клетки. Крвта од папочната врвца се употребува за лекување на леукемија, анемија, дијабетес тип 1, мозочни заболувања и болести на имунолошкиот систем. Исто така матичните клетки можат да бидат корисни и за регенерирање на оштетените ткива. Во тек е развој на нови третмани за целебрална парализа. Големи се шансите матичните клетки да одговараат за лекување на брат, сестра или некој друг член од семејството.
Најголемата банка за матични клетки е присутна во 40 земји во светот и располага со 17 000 примероци и повеќе успешни трансплантации.