Мени

Прегазен 16 годишен велосипедист

21.05.2019 10:04 | KumanovoNews

  На локалниот пат Куманово - село Табановце,  вчера во 16.30 часот, патничко возило „Опел Вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово.

Прегазен 16 годишен велосипедист

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.