Прегазен пешак на „Света Петка“
28.12.2018 09:26
| KumanovoNews
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово прегазен е пешак.

Сообраќајката се случила вчера на место викано „Света Петка“, кога М.Ш.(45) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ц.С.(68) од Куманово.
Ц.С. се здобил со тешки телесни повреди, па откако му е укажана помош во Кумановската болница, де е пренесен е во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.