Прегазено десетгодишно дете на „Доне Божинов“
18.02.2020 10:00
| KumanovoNews
Десетгодишно дете е повредено вчера попладне во центарот на Куманово.

Несреќата се случила во 17.25 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, кога патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово, удрило во 10-годишен пешак од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.