Прегазено шестгодишно дете во Опае
26.03.2019 10:06
| KumanovoNews
Шестгодишно дете се здобило со сериозни повреди и пренесено е на лекување на скопските клиники, откако во него удрил автомобил.

Несреќата се случила вечра во 15.20 часот во село Опае, општина Липково, кога патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(24) од село Лопате, удрило во шестгодишно дете од село Опае.
Од ударот момчето се здобило со повреди и по укажаната помош во болницата во Куманово било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.