Мени

Прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

29.10.2026 07:33 | KumanovoNews

Делови од Куманово и повеќе села во општините Старо Нагоричане и Куманово, денеска и утре ќе останат без електрична енергија, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Денеска,  од 8 до 14.30 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Осогово“, дел од улицата „Боро Прцан“, дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за Бедиње, како и дел од улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово.

Во општина Старо Нагоричане, поради реконструкција на среднонапонската и нисконапонската мрежа, од 8.30 до 12.30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Војник, Стрезовце, Клечовце, како и во кумановските села Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, Кокошиње, Скачковце, Кучкарево, Градиште, Габреш и Колицко.

Утре, 30 октомври, од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците во селото Долно Јачинце, додека од 9 до 13 часот прекин е најавен во селото Габреш. Во истиот временски период, од 9 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе биде и селото Челопек.