Препораки до граѓаните по најавите за топлотниот бран
01.07.2019 08:17
| KumanovoNews
Од утре, па до крајот на неделава земјава ќе биде под влијание на топлотен бран, со температури до 40 степени, предупредуваат метеоролозите.
Дирекцијата за заштита и спасување, по најавите за топлотниот бран, препорачува да се почитуваат превентивните мерки и активности за заштита од шумски пожари и друг тип пожари на отворен простор.
Од Дирекцијата апелираат до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар, веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

