Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Фондот за здравствено осигурување невработените почнувајќи од понеделник па се до крајот на март можат да се пререгистрираат.
Осигурување на сметка на државата можат да користат граѓаните кои во 2013 година немале воопшто или имале ниски примања. Условот е како семејство да не оствариле приход повеќе од 96.000 денари. Во оваа сума не се сметаат пари добиени од наградни игри, стипендии, студентски, ученички кредити, алиментација и слично. Невработените треба да потполнат барање и изјава за приходи остварени во 2013 година.
И по истекнување на рокот пререгистрацијата ќе продолжи, но граѓаните треба навреме да се пререгистрираат за да немаат прекин во осигурувањето.