Претепан затвореник од Идризово кој бил пуштен на викенд
31.03.2019 22:01
| KumanovoNews
Кумановец, кој издржувал затворска казна во Идризово бил претепан во Скопје, откако бил пуштен на викенд.

Инцидентот се случил завчера околу 11 часот, затвореникот Р.Р.(48) од Куманово, бил пуштен на еднодневен излез со дозвола, при што бил физички нападнат од неколку лица во парк шума Гази Баба.
Вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ вчера го пријавил случајот во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.