Мени

Претпладне облачно, попладне дожд и грмежи

24.05.2019 10:39 | KumanovoNews

 Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер.

Претпладне облачно, попладне дожд и грмежи

 Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 23 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 25, Крива Паланка и Берово 19, Дојран 26 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 25 степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 20, Кавдарци 26, Дојран 28.