Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи
27.08.2019 08:43
| KumanovoNews
Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Потоа до крајот на неделата следува период на стабилно и топло време.