Претставници на УСАИД во посета на Куманово
Директорот за генерален развој во УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, денеска беше во посета на Oпштина Куманово.

На средбата градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на УСАИД и на американските граѓани, за досегашната помош и поддршка при имплементација на повеќе проекти во Општината.
„Разговаравме на различни теми, користејќи ги досега позитивните пракси ќе продолжиме со соработката во наредниот период. Разговаравме на тема за јакнење на капацитетите на Општината и дополнителна реализација на можни проекти за оспособување на тимови, едукација, како би можеле да ги следиме трендовите во делот на сите апликации и искористување на европските фондови, и сите други видови на можни донации, грантови и помош која ќе следи во следниот период при нашиот евро-атлански интегративен процес, - изјави Димитриевски.
Гонзалес посочи дека е задоволен од досегашната соработка и најави дека се разгледуваат можности за нови партнерства за поддршка на новите идеи на градоначалникот за подобрување на условите за животот на граѓаните.