Презентација на ИПАРД за жителите на Пчиња и Нагоричане
05.08.2015 15:32
| KumanovoNews
Жителите на селата Пчиња и Старо Нагоричане, како и мештаните од околните села до крајот на денот ќе се запознаат со ИПАРД програмата и што таа нуди.

Презентацијата ја организираат Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Здружение на земјоделски производители Куманово. Целта е да се информира населението како може да набави механизација и приклучни машини преку ИПАРД.